Од крајбрежјето на Охрид пред очите на јавноста исчезна уште една градска плажа.
Од крајбрежјето на Охрид пред очите на јавноста исчезна уште една градска плажа.
Иако во генералниот урбанистички план на Охрид јасно е зацртаната плажата Ј`но, овој некогаш култен простор за охриѓани, сега ја нема. Граѓаните негодуваат што се случи со овој дел од брегот , некогаш нивен омилен простор, за кој се грижеле со огромна љубов се сеќава 77 годишната Олга Балева. Во просторот на Долна порта, постоеа плажите Ј‘но и Сариште каде што граѓаните и гостите во жешките летни денови се разладуваа се сеќава со носталгија Балева. Тука истовремено охриѓани белеа алишта, рибареа, спортуваа додава таа.
Граѓаните ги прашуваат зачудено надлежните институции, на централно и посебно на локално ниво, кога и како дозволија узурпација на оваа плажа. Изникнаа едно чудо кафулиња и ова еснафско место го снема негодува Балева. До езерото мора да има пристап категорична е нашата сограѓанка.
Иако мала, оваа градска плажа претставуваше единствен слободен пристап до езерото. Узурпирањето на оваа плажа повлече и негативни импликации на и онака слабите спортски активности во градот. На кајакарите им е оневозможено таму да ги изведуваат секојдневните тренинзи. Сараиште под концесија, Јно узурпирана, па Охрид остана без градска плажа.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град