Охрид однапред распродаден за Новогодишните празници

Исполнетоста за Новогодишните и Божиќните празници е целосна во хотелските капацитети во Охрид. Најголемиот туристички центар очекува гости од Србија, Црна Гора, Бугарија, Албанија и Грција. Хотелските аранжмани оваа година два месеци наназад веќе се распродадени, а хотелските капацитети се полни дури до 100%.

 |  Николоска Биљана  | 

Гости од регионот за Нова година во Охрид. На дваесеттина дена пред новогодишните празници хотелите на охридско – струшката ревиера се 100 % распродадени. Голем број од гостите се од странство, а најбројни се гостите од регионот, Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, Грција. На туристите им се нудат дводневни и тродневни аранжмани со богато празнично мени и празнична вечера. Менаџерот на хотел „Силекс“, Тоше Чочороски вели дека и Локалната самоуправа треба да посвети внимание во осмислување на Новогодишната програма со разновидни содржини, која што заедно со новогодишнот украсување, ќе го направи градот уште попривлечна дестинација.

Подготовките веќе започнаа и за среќа оваа година многу рано имаме резервација на хотелските капацитети, што е одлична работа. Мислам дека ќе биде одлична Нова година за Охрид

За Нова година 100% се распродадени и хотелите „Метропол“ и „Белви“. Раководителот за продажба Атанас Николоски вели дека нивните капацитети се резервирани уште пред два месеци, а најголем број гости очекуваат од Бугарија.

Имаме и една група од 50 сетина луѓе од Малта, за прв пат годинава ни е најавена таква група и веќе имаат уплатено депозит, доаѓаат од Малта да прослават Нова Година во Охрид. За католичкиот Божиќ имаме најава за гости од Бугарија и Грција засега очекуваме стопостотна исполнетост. Тие датуми не ни се потврдени целосни со депозити така што оставаме простор да има и по некое откажување, во секој случај минатите години бевме исполнети над 90% очекуваме и годинава да биде така

Исполнети со гости за новогодишните празници се и трите капацитети на хотелскиот ресорт „Тино“. Од таму велат позитивно е тоа што македонскиот туризам во последно време бележи подем. Исто така распродаден е и хотел „Милениум“ и „Гарден“, информираат туристичките работници од овие хотелски капацитети.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top