Охрид обоен во боите на Барса

Се е подготвено за оджувањето на летниот фудбалски камп на Барселона во Охрид. Овој настан го става Охрид на мапата на светските градови кои биле домаќини на еден ваков камп кој е привилегија за градот. Градоначалникот задоволен што заедно со спортските институции успеале да се изборат токму Охрид да е градот каде ќе тренира подмладокот на Барса.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охрид обоен во боите на Барса. Од 21 до 27 август ќе се одржи летен камп на Барселона. Започна брендирањето на СРЦ „Билјанини Извори“ и терените за фудбал во боите на овај светски позанат клуб. Овој настан го става Охрид на мапата на светските градови кои биле домаќини на еден ваков фудбалски камп кој е привилегија за градот. Сето ова е резултат на ангажманот на Локалната и спортските работници кои изминативе 4 години ги презедоа во делот на развојот на спортот, истакна на денешната прес конференција градоначалникот Никола Бакрачески.

Изградени се голем број спортски арени и создадени се услови за да може да се исполнат критериумите кои ги бараат префинетите, или познатите спортски екипи, во конкретниотв случај ФК Барселона, за да можеме да дојдеме до тоа што ќе бидеме организатори на еден ваков фудбалски камп, кој ни претстори, истакна градоначалникот Бакрачески.

Како што најави првиот човек на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев, Спортско рекреативниот центар е подготвен да го прими овој голем фудбалски гигант.

Тренинзите ќе бидат водени под фудбалската палка на врвни тренери, заедно со лиценцирани тренери од Охрид. Ќе се тренира два пати на ден, а учевство ќе земат деца од 6-16 години , поделени во две групи, вели Мишев.

Во моментов на СРЦ „Билјанини извори“, активно тренираат покрај фудбалските школи од градов и фудбалски екипи од државава. Интензивно се комуницира со сите фудбалски клубови од регионот за нивно доаѓање на подготовки бидејќи Охрид нуди идеални услови за тоа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top