Охрид непресушлив извор на археолошки пронајдоци. Пред извесно време ново археолошко богатство беше најдено во непосредна близина на „св. Богородица Перивлепта“.
Токму на ова место при најновите археолошки ископувања откриени се околу 8 гробови. Тие се од Македонско- Хеленистичкиот период и го опфаќаат вториот и третиот век пред нашата ера. Археолошките пронајдоци се од огромно значење за нашето културно наследство вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културно наследство на Македонија.
Во непосредна близина на една од куќите, заради потребата од инфраструктурни ископувања откриени се овие гробови. Истите се целосно анализирани и заштитени. Сопственикот на ова место може слободно да го користи без никаков проблем.
Во гробовите пронајдени се обетки, нараквици и други предмети од сребро, килибар, керамика и бронза. Не се исклучува веројатноста дел од овие предмети да се најдат и како изложбен материјал во златната соба. Очекуваме ова лето да се финализираат сите започнати активности и конечно да се отвори оваа долгонајавувана соба, додава Кузман. Златната соба ќе се наоѓа на вториот кат од куќата на Робевци. Просторијата е веќе опремена со кружна витрина во која ќе се изложат експонатите, вели првиот човек на Управата за заштита на културното наследство. „Пролонгирањето настана затоа што треба соодветно да се обезбедат овие непроценливи археолошки пронајдоци кои датираат од пресекот на шестиот век пред нашата ера“, вели Кузман. Тој додава дека потребно е да се изработи каталог со сите археолошки експонати. Преку истиот се овозможува промоција на овие вредни предмети и кога тие ќе се на друго место.
Во оваа соба ќе бидат собрани сите највредни златни предмети кои се доказ за богатото културно наследство што го има нашиот град. Истите предмети ќе бидат изложени во Холандија од 8-ми февруари и ќе останат таму до завршувањето на изложбата во мај. Активности кои во овој период се актуелни се работите кои се вршат на Плаошник веќе неколку месеци. Целта е возобновувањето на „Св. Климентовиот Универзитет“ вели Паско Кузман.
Со археолошки истражувања се продолжува и во Самоиловата тврдина. И таму откриена е некропола од непроценливо значење за културното наследство. Зафатите кои се вршат се многу тешки и комплицирани, но со голема претпазливост се заштитуваат веќе откриените наоѓалишта. Приоритет во блиска иднина ќе биде заштитата на откриените стари Св. Климентови манастирски конаци, додава Паско Кузман.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град