Охрид сеуште нема јавни тоалети

Локалната и покрај законските одредби нема одредено  локации каде ќе се постават јавни тоалети. Министерството за транспорт и врски на општините ќе им ги намали трошоците ако јавните тоалети се лоцираат на државно земјиште.

 |  Лионела Јаковлева  | 
Ohridska carsija
Охридска чаршија

Локалната самоуправа сеуште нема одредено локации каде ќе се постават  јавни тоалети. Иако тоа е законска обврска предвидена со Законот за јавна чистота кој стапи на сила уште пред неколку месеци, Охрид тапка во место со решавањето на овој долгогодишен проблем.

Ohridska carsijaМинистерството за транспорт и врски распиша конкурс кој трае до 20 јануари на кој може да се пријават сите општини кои како локација за поставување јавни тоалети избрале државно земјиште. Трошоците околу поставувањето на јавните тоалети ќе ги покрие државата. Општина Охрид сеуште нема аплицирано.

Бранко Арнаудов, раководителот на Секторот за урбанизам вели дека при изработката на новите Детално урбанистички планови и оние во постапка предвидени се локации за поставување јавни тоалети.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top