„Охрид нема да биде поплавен“-смирува Николовски

Состојбата се следи и мора да се смири тензијата и паниката која настана кај дел од граѓаните, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.

 |  Биљана Николовска  | 
ezero
езеро

NikolovskiСостојбата се следи и мора да се смири тензијата и паниката која настана кај дел од граѓаните, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски. Тој потенцира дека многумина кои што сакале да го посетат Охрид викендов, се откажале од таа намера стравувајќи од она што го слушаат по медиумите за критичната состојба на езерото.

Николовски во име на стручниот тим од експерти кои се задолжени да ја следат кризната состојба гарантира дека состојбата со езерото е стабилна. Тој вели дека градоначалникот Петрески не бира средства и начин за да дојде до политички поени.

Николовски ја коментираше и состојбата во струшкиот регион каде веќе населението трпи огромни штети. Тој  појасна што се случува на струшкиот дел од крајбрежието вклучувајќи ја и реката Црн Дрим.

Природата е непредвидлива. И покрај тврдењата на Николовски останува опасноста од поплави. Охриѓани велат дека само натприродна сила може да не куртули од оваа елементарна непогода.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top