ЈП Билјанини извори ја одбележува Неделата на движњето.
По повод Светската „Недела на движењето„ Ј.П. „Билјанини Извори„ во соработка со Федерацијата за рекреативен спорт организираат неколку спортски настани за децата од градинките, основните училишта и рекреативците.
Претпладнево во спортската сала, за дечињата од детската градинка Јасна Ристеска од клонот Лихнида беа организирани спортски игри. Дечињата видно задоволни од настанот. Тие откриваат и како и со кого спортуваат дома.
Проектот „Недела на движењето“ е под покровителство на Европската Унија. Годинава во него се вклучени околу 30 држави, а на наша среќа една од тие земји е и Македонија, а со тоа и Охрид. Годинава за прв пат се вклучуваме во овој проект, но со оглед на тоа дека истиот е предидено да трае до 2020 год. Веќе правиме планови како ќе настапуваме следната година, во секој случај тоа ќе биде поамбициозно и поорганизирано и со многу повеќе инвентивни и спортски активности, вели директорот на ЈП Билјанини извори Иван Цветкоски.
„Во оваа недела на движењето, се опфатени најмалите – пет годишните дечиња од Јасна Ристеска од клонот Лихнида. Утре во ООУ Григор Прличев каде ќе организираме игри без граници за дечињата и во сабота ќе има „Aerobik Open day“ со почеток од 20.00 часот, каде ги поканувам сите граѓани на Охрид кои сакаат да вежбаат аеробик и каде ќе има како промоција неколу врсти на аеробик и со тоа ќе ја завршиме годинешната недела на движењето“, истакна директорот на ЈП Билјанини извори, Иван Цветкоски.
Целта на неделата на движењето е да се промовира, спортот, и физичката активност. Посебно место му припаѓа и на аеробикот затоа што тој е многу значаен за правилно формирање на телото.
Покровители се Агенцијата за спорт и млади и Меѓународната асоцијација за спорт и култура ISCA со седиште во Копенхаген.
Помагатели на проектот „Недела на движењето„ се Федерацијата на училишен спорт и Факултетот за физичка култура.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град