Охрид наскоро ќе добие модерен аеродром

Работите околу неговата реконструкција се ближат кон крај. Динамиката на обновувањето на оди забрзано, а се исполнува се она што е ветено согласно договорот за концесија, вели менаџерот на аеродромот Св. Апостол Павле, Нежат Курт.

 |  Крсте Голабовски  | 
Aerodrom Ohrid
Аеродром Охрид

Кога во 2008 година, македонската влада и ја додели концесијата на  турската компанија ТАВ  во наредните 20 години да стопанисува со охридскиот и скопскиот аеродром, концесионерот се обврза дека на охридскиот  „Св. Апостол Павле“  ќе изврши реконструирање на постоечкиот паркинг, реновирање на објектите во карго центарот, како и изградба на ВИП објект.
На аеродромот во Охрид веќе е изграден новиот паркинг-простор од 6.000 квадратни метри. Во тек е и изградбата на нов карго хангар со површина од 1.000 метри квадратни како и ВИП-салон од 2.000 квадратни метри.
Од менаџментот на охридскиот аеродром информираат дека секојдневно контактираат со туроператорите, како и останатите чартер компании, кои играат важна улога за развојот на туризмот.
Инаку од оваа сезона Аеродоромот Св. Апостол Павле,  ќе започне со реализација на неколку нови летови. Така нови превозници кои ќе полетуваат и слетуваат на нашиот аеродором се „Корендон Еарлајнс“, како и „Фин Ер“. Нови дестинации за оваа сезона ќе бидат Амстердам, како и Хелсинки. Што се однесува до летовите до Цирих, тие остануваат за оваа сезона, а новина е тоа што МАТ сезонава ќе започне да лета до Амстердам, вели менаџерот Курт.
Согласно светските збиднувања кои се однесуваат на безбедноста и се позачестените терористички напади безбедносните мерки на  охридскиот аеродром, остануваат како и секогаш внимателно контролирани со сите потребни надополнувања и надградби, во соодност со регулаторните стандарди, велат од менаџерскиот тим. Една од новите безбедносни мерки на  Аеродором Св. Апостол Павле е имплементацијата на видеонадзорот, или систем од камери поставени во должина на оградата околу аеродоромот. Ова ќе ни овозможи 24 часовен мониторинг и контрола на целосната површина на аеродромот, додаваат отаму.
Од компанијата соопштија дека за градежните работи што се во тек веќе има издвоено 20 милиони евра од сопствени средства, околу 70 милиони евра очекува од кредити од „Халк банка“ од Турција и „Стандард банка“ од Англија, како и средства од ТАВ Холдинг, а целата инвестиција се очекува да изнесува околу 200 милиони евра.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top