Во охридскиот центар за вработување заклучно со месец јуни се евидентирани 9.800 невработени лица. Ваков пад под 10.000 невработени е забележан после долго време, вели првиот човек на Центарот Јован Баткоски. Интенција на Агенцијата за вработување е во иднина да се има приближно реалната бројка на лица кои вистински бараат работа, а не и на оние кои формално се дел од списокот за вработување. Но, иако се прават обиди да се има вистинската слика за неварботените тоа во моментов е невозможно нагласува Баткоски. „ Податоците кој вистински бара работа е тешко да се согледаат заради тоа што не постојат аналитики, методи и начини за да се утврди таа состојба“.
За да се намали бројот на невработеноста се преземаат низа активни мерки и политики. Некои од нив се покажуваат како ефективни, а некои ќе се следат. Во општина Охрид засега мали бизниси реализирале 30 охриѓани со финасиска поддршка во висина од 3000 евра. Тие започнале сопствен мал бизнис од област на трговија, производство, занаетчиство, туризам и угостителство, превоз на патници укажува Баткоски. 8 лица формализирале веќе започната бизнис дејност. Сите тие треба во текот на идните три години да работат и да го одржуваат бизнисот. Но, има и други пилот мерки од кои се очекува ефект.
„Меѓу повеќето мерки, за кои се користат средства од ИПА проектот, е и географската мобилност. Со неа се поддржуваат невработените да се вработат во друга општина на оддалеченост до 70 км. Засега има тројца апликанти од Охрид кои ќе патуваат на работа во друга општина, а едно лице кое би дошло пак да работи во Охрид“, потенцира Баткоски.
Во Центарот за вработување до крајот на јули тече оглас за уште неколку мерки кои се во насока на намалување на невработеноста во општина Охрид. Дел од нив е мерката поддршка за вработување на млади лица до 27 години со високо образование за практична обука кај заинтересирани работодавачи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град