Охрид мојот чудесен град низ очите на извидниците

Пештерската црква Св Богородица, Дувало, последниот вулкан на Балканот, легендата за Билјанини Извори, излетничкото место Јадера, природните валавици и ранохристијанската базилика Студенчишта, се 6 промотивни видеа за Охрид кои ги изработија извидниците од  одредот „Пионер“. Тие се дел „Охрид мојот чудесен град“ проект кој извидниците го реализираат во соработка со Локалната самоуправа.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Охрид мојот чудесен град. Со цел поголема промоција на туристичкиот бисер, охридските извидниците во акција. Тие во соработка со локалната изготвија 6 видеа на значајни места во градот, каде биле вклучени сите членови на Извидничкиот Одред „Пионер “. Младиот координатор на проектот Николче Костоски, вели нема зборови со кои може да се опише чуството што значи да си извидник, посебно кога нивните активности се сконцентрирани во природата, нивниот втор дом.  Додава дека Охрид и неговата околина надалеку е познат по својата убавина што природата му ја подарила, а луѓето пак, на овие простори градејќи и втемелувајќи обележја  карактеристични за периодот на создавање оставиле трајни вредности привлечни до ден денес.

„Идејата произлезе од самите извидници со цел да се промовираат знаменитостите во градот да се запознаат странските туристи со се што нуди градот опфатени се локации кои се помалку познати за самиот град но сепак интересни за самите посетители. Луѓето ќе можат да видат места кои се во околината на Охрид и во самиот град,, пред се природните убавини, излетничките места и.т.н.“

Костоски информира дека предвидено било да се снимат 20 видеа, овие 6 биле само почеток, како и тоа дека проектот продолжува до негова целосна реализација со останатите 14 атрактивни локации.

„Локалната самоуправа имаше распишано конкурс за проекти, на кои ние аплициравме И нивната поддршка пред се беше од финансиски аспект тие ни помогнаа во тоа помош односно со нивна помош се дојде до заклучок кои локации по наш предлог би можеле да се реализираат“ – вели Костоски.

Видеата биле снимени во текот на летниот перид. На нив работеле членовите на ИО „Пионер“. Инаку Костоски информира дека мал број охриѓани знаат дека во градот функционира големото семејство на извидници кои во моментов брои 30 членови од 7 годишна возраст па натака. Тој забележува дека свеста кај популацијата за предностите кои ги нуди извидничкиот живот пред се, здравиот начин на живот, навики природата сеуште се на ниско ниво и тоа треба да се подобри. Во моментов ја реализираат активноста „игри без граници“ кои се одржуваат во сите ОУ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top