Ohrid Lake sailing Cup одложен поради безредието на градското пристаниште

Ohrid Lake sailing Cup кој на голема врата го врати сјајот на едрењето на Охридско езеро, одложен. Организаторите велат дека  пристаништето е целосно блокирано од бродовите и едриличарите се оневозможени да го користат истото. Бараат надлежните да воведат ред на градското пристаниште и да се овозможи одржување на купот во едрење за кој има голем интерес од клубови од земјава и од странство.

 |   | 

Белите едра кои изминатите години ги красеа водите на езерото годинава ќе изостанат. Причина е неможноста едрилиците да го користат градското пристаниште. Организаторите на Ohrid Lake sailing Cup  денеска го изразија својот револт од како што реакоа, безредието кое што владее на пристаништето кое  целосно е блокирано од бродовите. Упатија апел до  надлежните институции да воспостават ред и да обезбедат соодветни услови за спортските едриличарски клубови.

„ Од Министерството за трнаспорт и врски  и од Капетанијата на пристаништа  бараме да се почитува редот кој се воспостави минатата година, односно половина од пристаништето да биде доделено на спортските клубови кои што учествуваат во  Ohrid Lake sailing Cup а другата половина да ја користат бродовите кои крстарат по езерото.“ – Михајло Арнаудов –  Ohrid Lake sailing Cup

Од Здружението за спортско едрење Акватика Јахтинг, кое е технички организатор на  Ohrid Lake sailing Cup велат дека секоја година се зголемува интересот за учество на овој  куп во едрење како од  клубови од нашата држава така и од екипи  од странство. Бараат од локалната самоуправа и надлежните институции да овозможат да се продолжи со организацијата на купот.

„ Време е нашиот македонски бисер да го покажеме во вистинско светло , полн со едрилици. Се залагаме за екологија, заштита на езерото кое е најголем басен на питка вода во Европа така што мора што поскоро да се реагира и да се обезбеди инфраструктура не само за едрењето туку за сите водни спортови.“ -вели Стефан Ставрев од Здружение за спортско едрење Акватика Јахтинг.

Денеска Здружението за спортско едрење Акватика Јахтинг зеде активно учество во одбележувањето на Денот на Езерото. Овој клуб има активна  школа за едрење за деца од 7 до 15 години.   Едрењето е олимписки и еколошки спорт и има се поголем интерес и кај охриѓани но и кај гостите од внатрешноста на државата и од странство.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top