Охрид крие непроценливо културно богатство

Под темелите на варошките куќи во Охрид, сеуште постојат остатоци на вредни културно историски споменици кои откриваат нови цркви и локалитети од античкиот и ранохристијанскиот период. Историчарите на уметноста укажуваат дека жителите на Варош стравуваат да градат нова куќа, бидејќи под нивната градба се наоѓа значаен објект.

 |  Николоска Биљана  | 

Охрид претставува неоткриена ризница на културно богатство. Тоа го потврдуваат добрите познавачи на историјата во Охрид, кои откриваат значајни податоци, интересни и вредни да се слушнат. Како што објаснува Данче Матова, историчар на уметност, под секоја куќа од стариот дел на Охрид, познатиот Варош, има остатоци од античкиот и ранохристијанскиот период, мозаици, споменици и други важни археолошки елементи. Последно кај Манчевци откриена била базилика од 4 век.

„Луѓето од стариот дел на градот стравуваат кога ќе градт нови куќи затоа што под нивните темели секогаш се наоѓа некој значаен објект како што е оваа прекрасна базилика која ја конзервиравеме и е отворивме за посетителите. Таму има толку убави мозаици убаво конзервирани и треба сите тоа да го видат, бидејќи тоа зборува за Охрид кој е пребогат со културно историско наследство. – вели Матова.

Матова тврди дека фактот што за Охрид се  верува дека дека има 365 цркви колку и денови во годината е точен, бидејќи тие секојдневно работеле и трагале да обезбедат цврсти докази за тоа.

„При секој и најмал зафат што го правиме на терен излегуваат нови цркви, така ни се случи кога партерно го уредувавме просторот околу Завод и Музеј, откривме црква од 12 век. Се мисли дека тоа е црквата Св Никола од 12 век во непосредна близина е и црквата на 40 те маченици кај Шандановци тука беше полесно да се датира затоа што се најдоа пари“– нагласи Матова.

Охрид  малку е откриен и тоа допрва ќе се прави, така што идните генерации на археолози и историчари на уметноста ќе имаат полни раце работа во откривањето на нашето непроценето културно богатство, категорична е Матова. Додава дека Варош е пребогат со културно историски споменици од сите периоди, од праисторијата, хеленистичкиот, римскиот, византискиот, словенскиот, турскиот период а допрва ќе се откривал просторот околу црквата Св Софија. Инаку во Охрид и околината има 80 активни цркви, а на археолошката карта за Охрид се забележани 480 археолошки локалитети и таа бројка постојано се зголемува, вели Матова.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top