На седницата закажана за во понеделник пред советниците ќе се најде и предлог ДУП за урбана заедница 1 урбан блок 1,3 опфат Пазар.
На седницата закажана за во понеделник пред советниците ќе се најде и предлог ДУП за урбана заедница 1 урбан блок 1,3 опфат Пазар.
Охрид конечно има можност да добие современ градски пазар. На седницата закажана за во понеделник пред советниците ќе се најде и предлог ДУП за урбана заедница 1 урбан блок 1,3 опфат Пазар. Овој ДУП ги опфаќа улиците македонски Просветители, Туристичка, Абас Емин, Кузман Јосифоски , Дел од плоштедот Чинар и Даме Груев. На овој простор предвидена е градба на повеќе содржини.
Арнаудов вели дека конечно е добиено позитивно мислење од Министерството за транспорт и врски па овој предлог ДУП може да се најде пред советниците. Со неговото донесување гореспоменатиот простор ќе добие современ лик а градскиот пазар ќе наликува на оние европските додаде тој.
Сега на потег се советниците. Од нив зависи дали овој предлог ДУП ќе бие усвоен по што ќе се премине на наредната фаза а тоа е конечното донесување на ДУП за опфат Пазар.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град