Локалната од Охрид размислува како до средства од ИПА фондовите. Реална можност е изградба на парк за авантури, доколку се одлучи токму со овој проект да се аплицира. Тоа ќе значи проширување на туристичката понуда на Охрид, посебно за љубителите на адреналински авантури
Дали Охрид ќе добие парк за авантури? Ова е една од идеите, на која ТЛЕР работи веќе една година, со која би можело да се аплицира во ИПА фондовите наредната година. Во тек е изготвувањето на идејното решение за изградба на ваков парк, а истото ќе го работи една реномирана словенска компанија која има проектирано вакви авантуристички паркови во повеќе европски градови. Претставници на локалната со членови на компанијата посетиле неколку локации во градов каде би можел да биде направен паркот.
Ваквиот проект воопшто нема да и наштети на околината и може многу лесно да се вклопи во амбиентот. Реквизитите се од природни материјали и се едноставни за монтирање па можат да се постават секаде. Важно е локацијаат да биде блиску до централното подрачје за да можат граѓаните да го посетуваат, објаснува Ѓоко Апостолов- раководител на ТЛЕР.
Паркот за авантури треба да биде лоциран каде што има високи дрва бидејќи поголемиот дел од содржините се во самите дрва на кои се прават куќички, а до нив се стигнува преку специјално направени мостови и сајли. Ваквите паркови најчесто се посетувани од луѓето кои сакаат адреналински авантури. Во паркот ќе има и видиковци од каде ќе се разгледува околината а за најмладите ќе бидат поставени детски содржини. Ваков парк ќе има само во Охрид бидејќи досега не е направен во ниту еден друг град во Македонија. Од Тлер кажуваат дека во годинава што изминува работеле на повеќе проекти чија реализација ја очекуваат во нареднава година. Во преговори се за заедничка соработка со општина Воден на проект со кој ќе аплицираат за добивање средства од европските фондови. Неодамна градоначалникот на оваа грчка општина беше во посета на охридскиот градоначалник каде се разговарало на каков проект и од која област да работат.
Нас најмногу не интересира комуналната сфера, но за да аплицираме треба да сме целосно подготвени. Допрва ќе работиме на приоритетите на општината и на проектната документација за да можеме да аплицираме до крајот на месец март кога истекува конкурсот, вели Апостолов.
Општина Охрид заедно со општина Воден преку програмата за прекугранична соработка веќе го реализира проектот Вотернет преку кој се изгради првиот дел од патеката од мостот до х. Парк. Од Тлер велат дека соработката продолжува и со Грција и со Албанија се со цел да се извлечат што повеќе пари од европските фондови.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град