Охридскиот кеј ќе добие нов лик

Градскиот кеј во Охрид конечно ќе добие нов современ, но автентичен изглед. Владата одобри средства за реконструкција на едно од најпрепознатливите обележја на градот. 

 |  Соња Рилковска  | 

 

Градскиот кеј во Охрид конечно ќе добие нов современ, но автентичен изглед. Владата одобри средства за реконструкција на едно од најпрепознатливите обележја на градот.

Реконструкцијата, која се очекува да започне на пролет и ќе трае околу 12 месеци е предвидено да опфати должина од 992 метри квадратни на крајбрежниот дел во градската зона. Првично се одобрени средства во висина од 38 милиони денари, но целиот проект ќе чини 90 милиони кои дополнително ќе бидат обезбедени.

„Со гордост можам да кажам дека Општна Охрид влезе на листата со 38 милиони денари за реконструкција на кејот. Проценетата вредност на целата инвестиција е околу 90 милиони денари. И сега сме во фаза на одобрување на дополнителни 45 милиони денари со тоа што ќе ја затвориме комплетната финансиска рамка за реконструкцијата на кејот, вели градоначалникот Константин Георгиески.

Во рамки на реконструкцијата ќе биде изведена заштитна потпорна конструкција, а старите бекатон плочки ќе бидат заменети со нови гранитни. Проектот за обнова на кејот вклучува и замена на канделабрите и клупите за седење. Целиот кеј е планиран да биде партерно и хортикултурно уреден.

„Новиот ке јне може да биде готов до почетокот на сезоната.  Тоа е огромен проект кој не може да се направи во два месеци. Ние сега, во овој момент, да започнеме не можеме да го направиме до сезона. Меѓутоа изградбата на кејот ќе трае повеќе од 12 мсеци. Ќе мора да издржиме една сезона со градежни активности, ќе се работи во фази, нема да биде се наеднаш раскопано“, додава Георгиески.

Со реконструкцијата Кејот ќе добие нов и урбан лик а градот ќе добие јавни површини достојни за еден културен и туристички центар. Во овој проект нема да биде опфатено старото руинирано пристаниште. За негова рекоснтрукција ќе се прави посебен проект.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top