Охрид и оваа година ќе биде еден од најубаво украсените градови во Македонија, најавуваат од Локалната. Отаму информираат дека украсувањето е во тек веќе десеттина дена . Портпаролот на Општината, Симон Илиевски вели дека поголемиот број од споредните улици во градов, веќе се украсени, а сега се работи на украсување на центарот на градот.
„Се работи со украсните материјали кои ги имавме, со мали надополнувања и интервенции и мислам и понатаму Охрид ќе го има епитетот, најукрасен град во РМ“, кажа Илиевски.
Од локалната потенцираат дека украсувањето на градов треба да заврши околу деветнаесетти, пред празникот Св. Никола, а градот во сиот свој сјај ќе блесне за време на одржувањето на големиот празник Богојавление – Водици. Што се однесува до одржувањето на ораганизиран дочек на Новата година на градскиот плоштад, Портпаролот Илиевски додава дека од Локалната сега за сега немаат некој концепт.
„Во овие скудни времиња, не треба да се трошат многу пари на таква манифестација. Најверојатно ЛС, дел од средствата ќе ги намени за помош на ранливите категории или оние кои немаат воопшто“, потенцира портпаролот.
Илиевски вели дека доколку некој од бизнисмените вљубениците во градот Охрид пројави желба за организирање на ваков масовен дочек на Најлудата ноќ, од Локалната во секој случај ќе им излезат во пресрет.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град