Охридските епидемиолози очи в очи со родителите за да ги разубедуваат во нивните предрасуди за ХПВ вакцината. Стручните лица ги убедуваат родителите во исправноста и безбедноста на ХПВ вакцината и нејзиниот позитивен ефект во спречување на ракот на грлото на матката чиј предизвикувач е ХПВ вирусот.
Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска, истакнува дека во Охрид и Дебрца е поразителна бројката на родителите кои одбиваат нивните девојчина да ја примат ХПВ вакцината, која од крајот на 2009 година е задолжителна и во нашата земја. Во Охрид се вакцинирани само 18 посто, додека во соседна Струга и Дебар ситуацијата е многу поинаква и бројот на вакцинирани млади девојки е 96 проценти. Охриѓани се подготвени да платат и високи казни само да се избегне оваа вакцина.
Слабиот одзив д-р Стурлакова Коровешоска го објаснува како резулата на случувањата пред неколу години кои настанаа со вакцините против свинскиот грип. Обвинувањата се насочени и кон слабо информираните родители кои користат информации од Интернет каде што не постои цензурирање на научните трудови. „Матичните лекари и гинеколози водат негативна кампања за ХПВ вакцината, а и тие користат информации од Интернет“, вели д-р Коровешоска.
Слаб интерес за задолжителната ХПВ вакцина покрај Охрид е регистриран и во Скопје. Ситуацијата во Источна Македонија е сосема поинаква и во некои градови вакцината е реалзирана 100 посто, нагласува д-р Коровешоска. Во светот, пак досега вакцината ја примиле 50 милиони млади девојки на различна возраст во 42 земји во Европа, Сад и Канада. ХПВ инфекциите се најчесто сексуално преносливи кои резултираат со неколку заболувања меѓу кои и ракот на грлото на матката.
Во евиденцијата на Центарот за јавно здравство во Охрид во 2010 се регистрирани 22 случаи со карцином на матка кај популација на возраст помеѓу 55 и 64 години. Додека со предканцерогени промени на матката биле откриени 225 случаи на возраст од 35 до 44 години.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град