Во листата на збратимени градови на Охрид, со големи букви се запишува името на Турскиот град Јелова. Оваа соработка доаѓа по претходно донесените одлуки на седниците на совет на двете општини. Збратимувањето во Турција го потпишаа двајцата градоначалници на Охрид и Јелова пред неколку денови.
„Истото треба да го направиме за летен Св. Климет во Охрид. На збратимувањето имаше присутни и градоначалници од други градови. Меѓу нив беше и градоначалникот на Смоленск – Бугарија со кого имав прилика да се видам. Се договоривме сите градови меѓу себе да сорабутуваме, но и да изготвиме директни проекти меѓу градовите но и заеднички за проекти со ЕУ“, истакна гтадоначалникот Александар Петрески.
Петрески вели дека општината треба да ја искористи економската моќ на Јелова, како град, но не само на Јелова, туку и на Смоленск во Бугарија, кој веќе е дел од ЕУ. Овие луѓе ќе ни го пренесат нивното искуство со европските проекти, а очекуваме и соработка и во сите останати пори од животот, додаде градоначалникот.
„Нас не рачунаат како најдобар град во Р Македонија, па затоа се збратимуваме со најдобрите од останатите земји. Тоа го потврдува и фактот што Кемал Ататурк, последните 10 години ги поминал токму во Јелова“, додаде Петрески.
Инаку, Охридската делегација во Јелова престојуваше од 23 јули. На меѓународниот фестивал кој се одржа во Турција, КУД Македонка го совои првото место за народни носии.
Претставници од Јелова предводени од нивниот градоначалник, во Охрид треба да допатуваат деновиве, поточно за празникот летен Св Климент на 9 август.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град