Охрид ја засади својата иднина

Охрид се приклучи на 17тата по ред акција, „Ден на дрвото, засади ја својата иднина“. Во паркот по кејот на езерото се посадија 15 садници на дрвото туја, а се садеше и на Мауцкер. Денес во Охрид пристигна и Џери Наумов, министерот без ресор кој ја поздрави акцијата и засади дрвце.

 |  Јаковлева Лионела  | 

15 садници на дрвото туја денес беа засадени во паркот по кејот на езерото во рамките на 17тата акцијата Ден на дрвото. Охридските советници , политичари и граѓани засадија по едно дрвце со надеж дека еден ден тие ќе израснат во високи стебла кои ќе го красат паркот.

Тоа е еден од начините можеби и симболичен на кој ја покажуваме континуираната грижа за животната околина, општината со низа активности кои што се во нејзина надлежност  постојано работи на подобрување на квалитетот на животната средина и на нејзината заштита. Ова е една извонредна можност да се приклучиме во нешто што е организирано на ниво на државата  доби карактер на традиција и плодовите од овие акции ќе ги жнеат идните генерации, рече Гордана Коњаноска- претседател на совет на Општина Охрид.

Вработените во ЈП „Комуналец“ го подготвија местото и садниците кои се одгледувани во нивниот расадник. Иако временските услови денес не беа многу поволни поради ниските температури, овие дрвца се отпорни на студ и би требало добро да се фатат.

Ние секоја година се вклучуваме во оваа акција и својот допринос го даваме со наши садници и помагме оваа акција да се продолжи секоја година, рече Елена Скрческа- директор на ЈП Комуналец“.

Во досегашните 16 акции се пошумени речиси 13.000 хектари со над 35 милиони садници. А оваа акција и донесе и меѓународна афирмација на Република Македонија. Денес во Охрид пристигна и Џери Наумов, министерот без ресор кој се приклучи на акцијата и засади дрвце.

Многу убава акција бидејќи засадувањето дрва е многу значајно за да имаме чист воздух, придонесуваат за убавината на природата и треба да садиме што повеќе, рече Џери Наумов.

Утрово ученици од средните училишта, извидници и неколку претставници од општина Охрид и на локалитетот Мауцкер засадија дрвца во рамки на акцијата. Се садеа смреки и елки, за кои се смета дека се поотпорни дрва.
На ниво на Македонија на 503,89 хектари се садеа 2,611,143  садници на 60 локации во 30 подружници, а за пошумување се корисеа црн и бел бор, багрем, јасен, јавор, даб, костен и други.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top