Во тесниот круг за избор на локација за новото мини издание на Лас Вегас на Стариот континент биле крајбрежјето на Охридското езеро во Македонија, Солун во Грција, Будва во Црна Гора, одредени локации во Албанија и Дубровник, Задар и Истра во Хрватска. Било одлучено новиот “светлечки“ град, за кој плановите се да се простира на околу 70 хектари површина, сепак да биде изграден во Хрватска.
Желбата на американскиот инвеститор Мајкл Џенкинс е да вложи 1,5 милијарди долари и да го надгради хрватскиот туризам со многу забава. Тој најавил дека со овој проект ќе бидат отворени најмалку 5.000 работни места, и дека ќе бидат изградени аквапарк, ресторани, хотели, апартмани и многу други нешта. Конечната локација ќе биде избрана со гласање, а засега води Истра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град