Во Охрид ќе биде избран барменот на Македонија

Денес во Кафе Бар Ликвид – Охрид ќе се одржува осмото по ред државно првенство на бармени на Македонија.

 |  Голабовски Крсте  | 
koktel
коктел

Преку триесет бармени од целата земја ќе земат учество и ќе се претстават во две категории: класична подготовка на коктели и флертендинг. Првата категорија подразбира претставување на натпреварувачите со свои авторски коктели чија техника на приготвување, изглед, вкус и арома ќе бидат оценети од стручна комисија составена од претставници од земјава и од странство. Во втората категорија, учесниците исто така ќе се претстават со свој авторски коктел кој ќе го приготвуваат со акробациски движења и елементи на жонглирање со барската опрема. Натпреварувачите ќе започнат со квалификации каде секој се претставува со својот коктел и се борат за пласман за во финалето каде што има место само за 12 учесници. Во финалната фаза повторно се претставуваат пред изменет судиски состав за најпрестижното прво место.

барменОваа година најдобрите ќе ја претставуваат Р.Македонија и ЗБМ на Светското првенство на бармени кое ќе се одржи во Софија, Република Бугарија. Покрај дружењето и познанствата, тие се стекнуваат и со знаење на семинарите кои ги водат едни од најеминентните имиња во професијата.

“Ова светско збиднување, до сега е најблиску до територијата на Р. Македонија, затоа годинава имаме единствена можност да ги пратиме најдобрите од Македонија, а да проследиме повеќе од 60 земји од светот како на уникатен, креативен и иновативен начин го претставуваат најдоброто од себе”. – изјави Дарко Ангелески, претседател на Здружението на Бармени на Македонија

Во рамките на Државното првенство во Охрид, ќе се одржи и едукативен семинар за учесниците, а темата е Мастерклас Diageo Reserve by Soul Shakers на кој имаме чест предавачите да бидат токму победникот на првиот Diageo Reserve World Class, Аристотелис Пападопулос и Никос Арсланоглу, учесник на Diageo Reserve World Class, како и судија на многубројни натпревари. Целта на семинарот е да се едуцираат натпреварувачите за вискито воопшто, како и да се разбијат табуата дека вискито се пие само чисто.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top