Хорови и оркестри од Охрид, Струга и Кичево денес во ОУ „Христо Узунов“, зедоа учество на смотрите по хорско пеење и оркестар. И годинава овој традиционален настан беше збогатен со настап на солисти од секое основно училиште.
Охрид има музички таленти. Тоа и денес го покажаа учесниците на традиционалните регионални смотри по хорско пеење и оркестар кое се одржа во ОУ „Христо Узунов“. Размислувањата на учениците се дека преку овие смотри добиваат поголем елан и љубов кон музиката и музичкото творештво, а заедно со своите наставници денес биле тука да ги покажат своите умеења, знаења и способности.
„Ова натпреварување за мене е позитивен настан има многу дружба пеење но пред се дојдени сме овде да го покажеме нашето знаење.За мене ова натпреварување значи прекрасно искуство од кое може многу да научиме и се надеваме на добри резултати. Тоа за нас е големо искуство и се надеваме на најдобри резултати. Пеат сите убаво но сметам дека ние сме најдобрите“ – велат младите охридски музичари.
Оваа манифестација има натпреварувачки карактер и сите кои ќе го освојат првото место со високи бодви ќе одат на републички натпревар кој се одржува во Кавадарци, пренесе Вера Булоска, наставник по музичко во ОУ „Христо Узунов“. За тоа одлучува 5 члената жири комисија која е составена од музички експерти, додаде таа. Булоска смета дека во денешно време малку се посветува внимание на хорското пеење, а тоа не треба да биде така.
„Жалосно е што хорската манифестација трае еден ден. Навистина е потребно да има повеќе…треба да има повеќе настапи за да се види онаа наша работа која ја работиме преку цела година..потребно е и тоа како. Децата сакаат и да свират и да пеат, тоа е една слободна активност која верувајте кога децата ќе ја завршат годината, со солзи си заминуваат“.
Регионалните смотри по хорско пеење и оркестар шеста година по ред се одржуваат во ОУ „Христо Узунов“. Се натпреваруваа 20 хорови и оркести, со репертоар од 2 музички обработки. Инаку додека младите музичари нестрпливо чекаа пред главната врата за настап, очигледно дека тремата ја оставија настрана, бидејќи тие дополнително се забавуваа пеејќи песни по нивни избор.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град