Охрид има идеални услови за развој на спортски туризам

11 фудбалски екипи од земјава и околните држави тренираат на терените на СРЦ „Билјанини извори“ Охрид како град може многу да понуди во однос на зимските подготовки и за развој на спoртскиот туризам. Бенефитот од доаѓањето на спортските екипи во нашиот град е повеќекратен.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охрид има идеални услови за развој на спортски туризам. Моментално на терените на СРЦ „Билјанини извори“ тренираат 11 фудбалски екипи од земјава и околните држави. Подготовките се веќе на средина, а поради поволните временски услови започнале порано од вообичаеното.

Охрид како град можи да нуди многу во однос на зимските подготовки и за развој на спртскиот туризам. Потребна е работа, нам како јавно претпријатие ни треба да ги подобриме условиоте, да направиме уште еден терен со природна трева, Гордана Јованоска- директорка на ЈП „Билјанини извори“.

Македонските екипи покрај што доаѓаат на кратки кондициони подготовки тие одигруваат и по неколку натпревари. Задоволни се од условите кои им се нудат за тренинг, а задоволни се и од хотелските капацитети каде се сместени. Бенефитот од доаѓањето на спортските екипи во нашиот град е повеќекратен.

Ние со ова што сакаме да го развиеме спортот во градот не си помагаме само себеси туку и на хотелиерите и на целиот град. Секоја екипа која доаѓа овде има 40тина спортисти кои тука престојуваат и трошат пари што не е бенефит само за нашето јавно претпријатие туку и за целиот град. Јануари и февруари се месеци кога бројот на туристи во градов е многу мал па ова е добар начин за тоа да се подобри, објаснува Јованоска.

ЈП „Билјанини извори“ продолжува со своите активности. Од 10 февруари до 10 април се организира бизнис турнир во спортската сала. Поканети се сите фирми од Охрид и Струга кои на тој турнир ќе можат да се дружат, да се натпреваруваат, а и да ја рекламираат својата фирма. Со ваквиот настан намерата е да се поттикнат граѓаните да спортуваат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top