Охрид и Македонија достојно му одадоа почит на Св. Климент Охридски

1 100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски беше одбележана со низа свечености и културни настани. Кулминација беше синоќешната свечена Академија што се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ . Носители на настанот беа Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, Општина Охрид, Македонската академија на науките и уметностите и универзитетот „Св. Климент Охридски” од Битола.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Охрид и Македонија достојно му одадоа почит на Св. Климент Охридски  Патронот на градот. 1 100 годинишнината од упокојувањето на Св. Климент беше одбележана со низа свечености и културни настани. Кулминација беше синоќешната свечена Академија што се одржа во ЦК „Григор Прличев“ . На академијата присуствауваа претседателот на државата д-р Ѓорѓе Иванов, претседателот на Македонската Академија на Науките и Уметностите, Таки Фити, градоначалникот Никола Бакрачески, и многу други претставници на институции и гости.  Градоначалникот во своето обраќање рече дека одбележуваме 1.100 години од смртта на Светителот, но и исто толку години од духовното раѓање на неговите следбеници – „плодни дрвја“, од кои со векови и векови вдахновени од „сокот на благотворението“ никнуваат „здрави фиданки“.

Неговите пораки и по 1100 години отсега па натаму, ќе бидат актуелни и свети зашто сè она што потекнува од Создателот е универзално, надвременско и неуништиво. Велат: „Оној што подучува во морал е прав татко“. Нашиот прататко, столбот на македонскиот народ и ориентирот на нашите деца нека бдее вечно над нашиот град, а неговиот фенер полн светлина нека свети во срцето на секој Македонец осветлувајќи му го патот, отворајќи му ги очите, охрабрувајќи го во својата издржливост и доследност и потсетувајќи го секогаш и секаде дека Бог е во секој од нас– рече Бакрачески.

Претседателот на државава д-р Ѓеорге Иванов кој беше и покровител на манифестацијата им се обрати на пристните велејќи дека нивното учество на оваа свеченост е израз на свеста дека сите ние кои сме дел од Словенството како јазична заедница сме рамноправни Климентови наследници, а како наследници имаме споделени права, но и должности.

Се обидовме да ја градиме и да ја развиваме нашата современа цивилизација, сведувајќи ја етиката на ниво на личен избор. Слободите и правата ги одвоивме од должностите и одговорностите. Свети Климент го фалиме, без да го послушаме. Се повикуваме на него, без да видиме на што не повикува тој нас. Последиците од ова скршнување ги чувствуваме сите ние, а особено нашите млади- потенцира Иванов.

Таки Фити, претседателот на Македонската Академија на Науките и Уметностите одржа свој говор на тема, „Трајните пораки на Св. Климент Охридски со кои опстојуваме низ столетијата“.

Сакам да им порачам на сите дека ние сме длабоко свесни за фактот дека свети Климент Охридски, како еден од најпознатите и најверни следбеници на светите браќа Кирил и Методиј, им припаѓа на сите словенски народи, на целиот словенски род и дека тој даде особен придонес во создавањето на словенската цивилизација, позната како цивилизација на писмото и книгата и на нејзиното место и значење во европски рамки. Затоа, наша обврска е низ континуирани научни истражувања заеднички да ја проучуваме словенската цивилизација од нејзините почетоци до денешни дни. Тоа е наш долг кон нејзините основоположници, долг и творечки напор кој мораме да го негуваме, да го развиваме и да им го пренесуваме на поколенијата што доаѓаат по нас., потенцира Фити.

На Свечената Академија посветена на Св. Климент Охридски пригодни обраќања имаа и Претседателите на Науките на Академии од соседните балкански држави кои изразија и сочувство за немилите настани и поплавите кои ја зафатија Македонија, а во кои голем број граѓани ги загубија животите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top