Охрид град на цвеќето

Трендафилите како некогашен добар декор на градот, повторно се враќаат.

 |  Николоска Биљана  | 
cveka
цвека

Трендафилите се враќаат во Охрид. Дел од граѓаните на Охрид, навраќајќи се во спомените, велат дека трендафилите како препознатлив декор на градов од минатото многу им недостасуваат. Разнобојните садници од ова цвеќе редовно се наоѓале на фотографиите на охриѓани и бројните туристи.

park ribenТрендафилите посебно беа карактеристични за паркот околу споменикот на Св Наум. Одговорниот на паркови и зеленило во ЈП „Охридски Комуналец“, Трајан Љаткоски, кажа дека ќе има обновување со садници на трендафили но на други парковски површини. Тој смета дека сегашниот изглед на паркот кај Рибниот ресторан е нешто ново и е направено по Европски тренд.

„Ние пред неколку дена извршивме пополнување на места каде што имаше трендафили, меѓутоа во една леа недостасуваа доста трендафили и ние пред три дена посадивме околу 200 трендафили што тоа не беше извршено неколку години наназад. Можам слободно да речам дека ако од плоштадот тргнавме одреден број, сега посадивме доста трендафилии ги проширивме леите на потегот покрај Ревиера, Белведере“, вели Љаткоски.

Тој потенцира дека се при крај со реализација на проектот „Охрид град на цвеќето“, за што досега се посадени околу 20 000 садници а треба да се засадат уште 10 000. Побара соработка и вклучување на сите субјкти кои сакаат да допринесат кон тоа.

ureden park„Тој проект за целосно да се реализира очекуваме вклучување и од повеќе субјекти како што се хотелите, рестораните, кафе баровите, млечните ресторани сите приватни лица кои сакаат да се вклучат, станоиздавачите и т н со цел да имаме 100 % реализација на проектот „Охрид град на цвеќето“. Како што гледате екипите на паркови и зеленило излегоа на терен и почнаа со засадување на цветните леи кои што се предвидени за оваа година. Во моментов садиме од видот „виола“, популарните очиња“.

Од паркови и зеленило се пофалија дека крадење на садници годинава не е забележано. Апелираат таквата свест на јавноста да продолжи и во иднина, како Охрид не само годинава, туку и секогаш да биде град на цвеќето. Исто така новина од таму е што цветните леи се со граничници заради подобрување на визуелниот впечаток на леата, но и за полесно оддржување и наводнување.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top