Општина Охрид објавува јавен повик за проектот : “Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO). Повикот е насловен како: ROADS NOT TAKEN # PC1- 1.1.1. , за ангажирање на лице за работа на административна позиција, проектен асистент – потребно е едно лице кое ќе биде ангажирано за период од 28 месеци со половина работно време.

Општина Охрид како добитник на проектот по првиот повик на Годишниот ИПА II – ЕУ за општини- “Подобрување на услугите на локалната самоуправа преку иновативни концепти”, под наслов:” “Roads Not Taken: Municipality of Ohrid Going Green, Smart, Innovative (OHRID GO)”, како лидерски и прв партнер соработува со следниве партнери:
Имплементацијата на проектот започна на 01 декември 2021 година, a се очекува да заврши во рок од 30 месеци.
Работниот план на проектот се заснова врз следните цели:
Проектот ќе придонесе за подобрување на состојбата со која е засегнато локалното население, во смисла на сообраќаен метеж, загадувањето на воздухот, преполните урбани локации, недостатокот на квалитетни работни места за младите, недостатокот на разновидни слободни активности кои нудат иновативни, паметни и универзално достапни решенија за горенаведените проблеми. Крајната целна група се (младите) претприемачи. Младите кои се заинтересирани да основаат сопствен бизниси во услужната економија директно ќе имаат корист од Центарот за паметни идеи (Smart Ideas Hub) кој ќе биде достапен за соработка, регистрација на бизниси и ќе обезбедува обуки, центарот ќе биде и соодветно место за собирање млади луѓе. Конечниот краен бенифит од проектот им припаѓа на граѓаните. Граѓаните ќе имаат корист од имплементацијата на иновативни решенија кои се справуваат со развојните проблеми и создаваат предуслови за одржлив развој заснован на економија базирана на знаење. Социјалните и политичките иновации се најдоброто средство преку кое се приближуваме до поразвиените земји со што неизбежно се генерира одржлив развој.
Повеќе детали за Јавниот повик на следниот линк
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град