Охрид го одбележа денот на пожарникарството

Денеска пожарникарите добија благодарност за својата пожртвуваност и посветеност од Градоначалникот Јован Стојаноски. Територијалната против пожарна единица на Охрид со традиционалното дефиле на противпожарните возила вчера го одбележа 20ти мај Денот на пожарникарите во Македонија а денес беше одржана мала свеченост во присуство на гости од политичкиот и јавниот живот.

 |  Николоска Биљана  | 

Охрид го одбележа денот на пожарникарството. Градоначалникот Јован Стојаноски, претседателот на Советот и директорите на јавните претпријатија го посетија објектот на територијалната противпожарна единица и извршија увид во нивната работата. Градоначалникот на охридските пожарникари честитејќи им го денот, се заблагодари за нивната пожртвуваност и професионалност во извршувањето на нивните обврски и им посака помалку работа . Командирот на ТППЕ, Спасе Прентоски ја истакна важноста за одбележувањето на денот на пожарникарството, кој во нашата земја се прославува од нејзиното осамостојување, појаснувајќи дека првото доброволно противпожарно друштво било формирано во Битола во 1836 год со указ на румелискиот валија после големиот пожар кој што се случил во 1834 година во кој изгореле околу 2100 дуќани и куќи.

ТППЕ во Охрид високопрофесионално си ја извршува својата работа и можам само со жалење да констатирам дека во меѓупразничниот период од 20 ти мај 2017 до 20 ти мај 2018 год во сите интервенции имавме две жртви. Се надевам дека во соработка со граѓаните ќе допринисе и ние да имаме помалку работа како и помалку штета на материјалните вредности“

Прентоски посебно ја истакна соработката со градоначалникот Јован Стојаноски, при тоа изразувајќи му огромна благодарност што имал слух за решавање на нивните потреби и проблеми.

Посебно од почеток на мандатот на градоначалникот Јован Стојаноски, ние имавме заеднички доручек на кој му ги пренесовме нашите проблеми и потеби кој што ги прифати да ги решава. Она што беше најболно тој го реши, во поглед на законските прописи и во поглед на одност спрема пожарникарите“.

Во 2017 година ТППЕ имала вкупно 467 интервенции од пожари, од кои 355 биле пожари, 155 на објекти, 183 на отворен простор, 17 пожари на сообраќајни средства а имале и 112 интервенции на спасување на заклучени лица во станови, сообраќајни незгоди и друго. Годинава од 1 јануари до денес имало 138 интервенции. ТППЕ брои 43 професионални пожарникари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top