Охрид-главен центар на спортските збиднувања во земјава

Викендов, Охрид е домаќин на финалните средби во ракометниот куп на Македонија, а значајни спортски манифестации ќе се случуваат и во иднина-велат од претпријатието.

 |  Мишел Наумоски  | 
biljanini
билјанини

Организирањето на завршницата од кошаркарскиот куп на Македонија, Гимназијадата 2014та како и престојните финални средби во ракометниот куп на Македонија, само предвесник на многуте значајни спортски манифестации кои ќе се случуваат во Охрид во наредниов период. Директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев вели дека сите овие спортски настани ставаат до знаење дека Охрид полека станува центар на најзначајните спортски манифестации во земјава.

ureduvanje salaТој со особена гордост го истакна одигрувањето на полуфиналните средби но и големото финале во ракометниот куп на Македонија во кои охриѓани ќе можат да уживаат во врвен ракомет со светски познати ѕвезди. Најави и бројни други спортски манифестации.

„Во летниов период имаме два големи спортски настани, од 10ти до 18ти Јули, машката кошаркарска репрезентација има меѓународен турнир каде што ќе учествуваат Белорусија, Австрија и Грузија, а од 18ти Јули до 2ри Август се одржува светското женско кадетско првенство во ракомет.“-рече директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев.

rakomet kup MakedonijaВо моментов во и околу спортската арена „Билјанини извори“ течат и активностите околу уредување на салата пред се за престојните спортски настани, но Мишев вели дека со поставувањето на новите кошеви на околните објекти, и особено изградбата на фудбалското игралиште со вештачка трева, во голема мера ќе придонесат и за промоција на спортскиот туризам. За ова фудбалско игралиште, Мишев рече дека за скоро ќе биде готово.

„Ќе биде отворено, ќе може да го користат и екипите кои ќе доаѓаат на подготовки во зимскиот период, ќе можат да го користат и фудбалските школи и другите фудбалски екипи и овде би изразил голема благодарност до ФФМ, за донацијата на вештачката трева, и на локалната самоуправа која е одговорна за подземната инфраструктура. Се надеваме дека до почетокот на јули треба да биде.“-вели Мишев.

Инаку за охридската јавност која се интересира за ракометниот спектакл кој треба да се случува овој викенд, полуфиналните средби помеѓу Вардар и Тинекс Пролет и Металург и Зомимак ќе се одиграат во сабота, 17ти Мај со почеток во 15 и 17 часот и 45 минути, додека големото ракометно финале, ќе се случи во недела со почеток во 17 часот и 45 минути.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top