Се е подготвено за утрешниот прв круг од претседателски избори, велат од Општинската Изборна Комисија. Во Охрид ќе гласаат 51 157 лица, на 88 избирачки места.
Се е подготвено за утрешниот прв круг од претседателски избори, велат од Општинската Изборна Комисија. Во општина Охрид право на глас според избирачкиот список има 51 157 лица.
Како што изјави претседателката на Општинската изборна комисија Марика Костадиновска, гласачите се заведени во два списоци и тоа едниот има 45 066 лица од Охрид и другиот 6091 каде се евидентирани лица кои престојуваат во странство.
„Се гласа во 88 избирачки места за 85 изборни единици, едното избирачко место Скребатно е ставено во мирување бидејќи има помалку од 10 гласачи и истите ќе гласаат во Лескоец“.
Денес своето гласачко право го искористија старите болни изнемоштени лица и затворениците. Од ОИК, велат дека се поминало во најдобар ред без никаков проблем.
„Најголемо избирачко место со болни е во село Пештани каде што има 11 болни а другите се помали со 1, 2 3, зависи во кое изборно место е болното лице. Останатите или 134 се распоредени по избирачки места спрема нивното пријавување и проверка од наша страна“.
Денес во општина Охрид од 08 до 16 часот беше предаден целиот материјал за претседателските избори. Од Општинската Изборна Комисија, велат дека се е подготвено за утрешните претседателски избори, и очекуваат се да помине во најдобар ред.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град