„Охрид фест – охридски трубадури“

Шеснаесетто издание на фестивалот „Охрид фест – охридски трубадури“. Сцената на Долни Сарај и овојпат претесна за многубројните изведувачи, кои својата шанса за кариера ја бараат тука.

По шеснаесетти пат на сцената на „Долни Сарај“ се одржува реномираниот фолк – поп фестивал „Охридски трубадури – Охрид фест“. Вчеравечер, кога и започна фестивалот, се одржа „Вечерта на нови ѕвезди“, каде беа изведени 32 композиции и беа промовирани многу нови интерпретаторски имиња. Првата награда од публиката ја доби песната „Типка лудница“- со освоени 64 поени. Втората награда ја освои песната „Барам утеха“  со 60 поени, а третата награда ја доби „Прекрасен сон“ со 50 поени.
„Иако на Балканот се одржуваат голем број на фестивали, охридскиот сеуште го одржува својот висок рејтинг“, вели Григор Копров, дир. на фестивалот.
Вечерва со почеток во 21часот ќе се одржи фолк вечерта на фестивалот. Ќе настапат 30 изведувачи, чии композиции ќе ја остават публиката без здив, велат организаторите.
„Секоја година примаме се поголем број на пријави за учество на фестивалот“, велат организаторите. „Ако продолжиме со ова темпо, најверојатно во наредните години ќе треба да го продолжиме траењето на истиот“, се шегуваат тие.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top