Охрид е најубавото место во Македонија со сите свои културно историски знаменитости и природни богатства. За тоа зборуваат впечатоците на нашите иселеници од Холандија, кои пред 4 децении ги напуштиле своите родни огништа, заминувајќи на печалба. Некои од нив денес имаат и семејства во оваа земја.
Убавка Јованоска од Прилеп, сега македонска снаа во Холандија, секоја година доаѓа во своето родно огниште. Годинава после 45 години таа на одмор во Охрид пристигна со цела своја фамилија со првиот чартер лет Амастердам – Охрид. Како што ни раскажа Јовановска, за Холандија заминала кога имала само две и пол години, заедно со нејзиниот татко кој таму заминал на печалба.
„ И мене ме зеде заедно со сестра ми, а моите двајца браќа се родени во Холандија. Имаме куќа во Скопје, а по потекло сме од Прилепско село каде сум родена. Мислам Охрид е најубаво место во Македонија, има и вода и ридови и луѓето се отворени и мирни нас овде многу ни се допаѓа “
И синот и роднините на Убавка воодушевени се од нашата земја посебно од туристичкиот бисер Охрид.
„Ја сакам Македонија, тоа е прекрасно место, ми се допаѓа многу,многу ми се допаѓаат и продавниците.
Гостите од Холандија патувале во повеќе места од нашата земја, уживале во се она што имале можност да го погледнат. Тие сметаат дека кај нас е далеку поевтино од земјата од каде што доаѓаат.
„Многу е евтино за холанѓаните овде. Кога би споредиле со Холандија мислам дека три до четири пати е поскапо во Холандија. Многу е убаво да си овде на одмор“.
Последниве две недели холандските гости очигледно во голем број се присутни во Охрид. Вчера пристигна и вториот лет од Амстердам со Корендон и првиот со Туи. Враќањето на холанѓаните во Македонија ги продлабочува врските помеѓу двете земји. Годинава прилепчанката Убавка донесе 15 гости, а почнаа да се склучуваат и бракови. Минатата година цел авион холанѓани дојдоа на свадба во Струга. Субвенционираните авио линии мотив плус нашите иселеници да ги посетуваат своите роднините, пријатели и местата од каде што им се корените.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град