Охрид се стреми да развива елитен туризам, а личи на панаѓур

Охридските советници  бараат конечно да се реши хаосот кој во лето се создава со недозволено поставените столици и маси на градскиот плоштад и околу него.

 |  Лионела Јаковлева  | 
ohridska carsija
ohridska carsija

Охридските советници  бараат конечно да се реши хаосот кој во лето се создава со недозволено поставените столици и маси на градскиот плоштад и околу него. Тие бараат целосен извештај колкава е користа на општината од поставувањето на урбаната опрема во летниот период.

Централното градско подрачје и ова лето личеше на панаѓур. Ова е констатација на поголемиот број охридски советници кои на последната седница побараа за нареднава сезона да се реши хаосот со недозволено поставените столчиња и маси по градскиот плоштад и околу него.

Градоначалникот на Охрид се правда дека хаосот со урбаната опрема во летниот период во Охрид, бил поголем пред пет-шест години. Тој објаснува дека Локалната самоуправа и инспекциските служби, цело лето правеле напори за воспоставување ред во централното градско подрачје.

kaficiСоветникот на ВМРО Н.П., Томе Гиноски пак, побара да се даде целосен извештај, колкава е користа на градот од поставувањето на урбаната опрема во летниот период. Тој не беше задоволен од извештајот кој беше поднесен до советниците, а се однесуваше само на периодот до 31 јули. Гиноски обвинува дека, помеѓу локалната и сопствениците на некои кафулиња се прават договори во четири очи, од кои некој има финанасиска корист.

Петрески објаснува дека Локалната за минатово лето издала само 17 дозволи за поставување урбана опрема, од кои општината инкасирала 1 500.000 денари. Дадени биле и 15 согласности за презентација на разни производи на градскиот плоштад или во негова близина. Од тоа општината заработила 360.000 ден.

Останува да видиме дали конечно ваквата состојба ќе се смени па наредново лето, Охрид ќе има лик како што доликува на еден туристички центар на Балканот.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top