Охрид и при обичен дожд се поплавува

 Општината Охрид со години наназад не го решава проблемот со атмосферската канализација. За Александар Петрески се друго е приоритет, освен решавањето на овој горлив проблем, велат ОД ВМРО ДПМНЕ.

 |  Јаковлева Лионела  | 
dejan panovski
дејан пановски

И во Скопје се слушна за проблемите на Охрид кога има пообилни врнежи од дожд. Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Дејан Паноски на пресс конференција која се одржа во главниот град рече дека Општината Охрид со години наназад не го решава проблемот со атмосферската канализација.За Александар Петрески се друго е приоритет, освен решавањето на овој     горлив проблем, подвлече тој.dejan panovski
Сликите од поплавата во Охрид, се слики на град како од 18 век, без основни услови за живот. Поплавени домови, преплавени улици, атмосферска канализација која нефункционира, е жалната слика за туристичкиот центар Охрид. Причините за ова е немање на капацитет и волја на градоначалникот Петрески да се решат проблемите.
Не е во прашање елементарна непогода, туку е во прашање недостиг на елементарна волја на Петрески, да се решаваат проблемите на Охриѓани, рече Пановски.
Александар Петрески нека излезе и нека им објасни како е можно цели 8 години да е градоначалник на Охрид, а проблемот да не е решен. Наместо да се зафати со изградба на ефикасна атмосферска канализација, Петрески се занимава со преговори со концесионерот на градските паркинзи. Нему тоа му е приоритет, затоа што таму има профит. Но додека се прават бизнис зделки охриѓани тонат во проблеми.
Охрид под раководство на Александар Петрески доживеа деценинско назадување. На Охрид му треба развој, а не стагнација, недомаќинско и расипничко работење.Токму затоа граѓаните на Охрид ќе го казнат и нема да му дадат доверба на наредните локални избори, рече Пановски на пресс конференцијата во Скопје.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top