Охрид достојно се претстави во Рим

Нашите претставници се вратија со позитивни импресии од Рим. На манифестацијата која пред една недела беше организирана во чест на Св. Кирил, Националната установа „Завод и Музеј“ од Охрид учествуваше со своја изложба на оригинални икони, фреско копии и тематски фотографии на која учествуваа видни претставници од земјава и странство. Ова скапоцено културно богатство сега се враќа дома.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Македонија со дел од своето културно наследство и оваа година достојно се претстави во Рим. На манифестацијата организирана во чест на Св.Кирил која  годинава се одржа по 48-ми пат, Националната установа „Завод и Музеј“ од Охрид учествуваше со своја изложба на оригинални икони, фреско копии и тематски фотографии. На изложбата во Рим беа преставени вкупно 38 експонати, 18 фреско копии, од кои 16 се на Заводот и Музеј од Охрид, а две од Музејот на Македонија, 5 икони дел од колекцијата на Завод и Музеј, дела од нашето културно наследство од највисока категорија и фотографии, како артефакти кои сведочат за историјата, делувањето и мисијата на Св.Климент Охридски во нашиот дел, вели Милчо Георгиески, советник-кустос на Галеријата на икони.

Воглавно импресиите се позитивни но секогаш може и подобро. При секоја работа се соочуваме со разни тешкотии и пречки  и проблеми, но сите успешно ги надмниавме и се претставивме во најдобро светло. Задоволен сум и од начинот на кој успеавме да ги презентираме експонатите и да ја организираме изложбата, вели Милчо Георгиески, советник-кустос.

Покрај изложбата на икони и фрески, дел од манифестацијата во Рим биле и молебенот на гробот на Св.Кирил на кој присуствувале високи претставници од политичкиот врв на Македонија, од црковниот врв, како и претставници на допломатскиот кор и гости. Настан за одбележување бил и концертот на младиот музичар Дарко Богески кој одржал прекрасен концерт на класична гитара на кој свирел преработки на стари македонски песни. Општите оценки за целокупната реализација на манифестацијата се многу високи, вели Георгиески. Делата кои отпатуваа од Македонија за Рим посетителите имаа можност да ги гледаат една недела. Сега следува организација за нивно враќање во државава.

Ние се организираме и правиме напори да го организираме транспортот за експонатите безбедно да патуваат назад бидејќи додека не пристигнат и додека не си бидат сместени во своите матични музеи ние нема да бидиме мирни бидејќи се работи за огромно културно наследство, вели Георгиевски.

 
Инаку, како што нагласи Георгиевски, за изнесување на уметнички дела на изложби во странство, запазена била целата законска процедура, која имала строго пропишани критериуми. Изложбата беше отворена на 23 мај во музејскиот комплекс „Урбаниана“, во рамки на папскиот музеј во Рим.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top