Охрид домаќин на вториот Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна

Климатските промени и дали ќе произведеме доволно храна да го нахраниме населението во светот, се проблемите кои во наредните декади најмногу ќе го погодуваат земјоделието во светот, сметаат научниците кои што работат на земјоделство и храна. Три дена во Охрид се дебатира за научните предизвици од областа на земјоделието и храната на вториот Меѓународен симпозиум ИСАФ 2015.

 |  Николоска Биљана  | 

Храната во земјава е квалитетна и безбедна. Тоа се должи на контролите кои ги прават надлежните институции во однос на безбедноста но и со донесување на Законот за безбедност на храната во 2004 година со кој фирмите и производителите на храната ја согледуваат одговорноста и се грижат за безбедноста на храната. Ова го истакна проф Соња Србиноска од факултетот за земјоделски науки и храна. Од вчера во Охрид се одржува вториот Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна.

Јас мислам дека во Mакедонија имаме воведено некој ред во однос на безбедноста а и фирмите кои што се обидуваат се повеќе да ги воведат стандардите за безбедност на храна. Имаме проблеми, посебно кај малите примарни производители кои што тешко можат да ги воведат сите тие системи но на некој начин со давање на периоди на прилагодување со одредена помош јас мислам постепено ќе ги достигнеме оние стандарди кои што ни ги бара ЕУ“– вели проф. Србиновска.

Вториот симпозиум за земјоделство и храна го организира Факултетот за земоделски науки и храна, по повод 68 годишнината од постоењето на факултетот, информираше деканот Драги Димитривски. Додаде дека на симпозиумот се разменуваат идеи и искуства за разни теми од областа на земјоделството и производството на храна, но се зајакнува и соработката меѓу академскиот кадар, бизнис секторот и надлежните институции.

„Оваа година на симпозиумот пристигнаа 320 апстракти на трудови од 22 држави во светот, што како бројка ни претставува задоволство нас во факултетот, на некој начин со ова фактички го ставаме на тест факултетот колку придонесува и колку е познат во земјата и надвор од неа и може да се пофалиме дека факултетот изградил имиџ и име во сите овие 68 години“  – нагласи проф. Димитриевски.

Климатските промени и нивните ефекти врз земјоделството е тема која се работи не само во светот туку и кај нас истакна проф. Ордан Чукалиев. Според она што досега е сработено во светски рамки, со посебен осврт кон Европа, укажува на тоа дека климатските промени во земјоделскиот сектор ќе имаат позитивни промени во северниот дел на Европа каде што продолжувањето на сезоната зголемувањето на температурите ќе создаде поволни услови, потенцира Чукалиев. Додаде дека и нашата земја  ќе се соочи со лимитацијата на вода, која пак сериозно ќе ги намали приносите.

„Значи ние очекуваме климатските промени дури и во краток рок до 2030 година, во Македонија ќе почната да го искажуваат својот негативен ефект односно, намалување на приносите. За среќа македонските земјоделци веќе користат практики кои што можеме да ги наречеме адаптивни практики. Денеска зборував за наводнувањето како една од мерките за адаптација, македонските земјоделци знаете наводнуваат, ние имаме големи површини под наводнување, Македонија може да наводнува некаде околу 120 000 хектари, доколку успееме да го вратиме наводнувањето односно мерките кои се преземаат за рехабилитација на системите за наводнување и промени во секторот, ако се вратиме на оние површини кои ги користевме 80 сетите години мислам дека климатските промени, нема во краток рок да остават сериозни последици во Македонија“– вели проф. Чукалиев.

Сличен е и ставот на проф. Рамиш Канвар, советникот за економски прашања од Азербејџан. Тој смета дека  промената на климата ќе има влијание врз земјоделството посебно врз производството на храната.

„Секаде во светот има екстремни настани како на пример поплави. И овие настани ноат многу вода во време кога фармерите или сеат или ги собираат земјоделските  производи. Ова се некои од работите на кои научниците мора да внимаваат во иднина за да можат да ги решат потенцијалните проблеми и да го подобрат системот за агрокултура“  

На вториот Меѓународен симпозиум кој три дена се одржува во Охрид, учество со свои предавања имаа еминентни имиња од областа на земјоделството не само од нашата земја туку и од странство.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top