Охрид домаќин на панел дискусија за реформите во системот на социјална заштита

Охрид во петок, на 20-ти септември ќе биде домаќин на панел дискусија за реформите во системот на социјална заштита во локални рамки.

 |   | 

Охрид во петок, на 20-ти септември ќе биде домаќин на панел дискусија за реформите во системот на социјална заштита во локални рамки.

Истата е во организација на „Здружението на социјални работници на Македонија“ од Скопје и е дел од проектот „Социјалните работници во акција за добри практики во реформираниот систем на социјална заштита“.

– Општата цел на проектот е унапредување на социјалната работа во реформираниот систем на социјална заштита со поддршка на локалното концептуализирање на социјалната заштита и социјалните услуги, преку сеопфатно информирање, зајакното и партнерско вмрежување на чинителите на локалните зедници. Со проектните активности, опфатени се чинители на локалните заедници во 34 општини, меѓу кои и општините од Југозападен регион: Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Македонски Брод.

За соодветна реализација на целите, една од планираните активности е и спроведување на панел дискусии со локалните чинители на горенаведните општини, во спроведувањето на социјалната заштита и социјалните услуги на локално ниво, информираат организаторите.

Панел дискусијата ќе се одржи во салата на општина Охрид, во петок, на 20-ти септември 2019 година, во периодот од 12:00 до 14:00 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top