Се разменуваат искуства, но и спортски резултати. Се одбележуваат и десет години постоење на ЈП Македонски шуми.
Се разменуваат искуства, но и спортски резултати. Се одбележуваат и десет години постоење на ЈП Македонски шуми.
Шумарите од земјава и регионов викендов престојуваат во градов. Над сто вработени и претставници на шумарската дејност се дружат, разменуваат професионални искуства. Охрид е домаќин на 42- та по ред манифестација Денови на шумарството.
„Ја користиме оваа прилика за размена на искуства и комуникација. Овие луѓе напорно работаат преку целата година и немаат друга можност да се видат и комуницираат меѓу себе“, вели Владимир Пахшованоски, Генерален Директор на ЈП Македонски шуми.
Не изостанаа и спортските натпревари и резултати. Пред хотелскиот комплекс Десарет, каде се одржува манифестацијата, се игра: пикадо, шах, гаѓање глинени гулаби.
Се одбележува и десет годишниот јубилеј од постоењето на ЈП Македонски шуми. Организатори на манифестацијата се синдикатот на работниците од шумарството и Македонски шуми, а покровител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град