Охрид домаќин на меѓународниот фестивал „Разиграно оро“

Од 3 до 5 јули ќе се одржи седмиот Меѓународен фолклорен фестивал „Разиграно оро“. Овие три дена, на две сцени, Антички театар и плоштадот Крушевска Република, ќе продефилираат повеќе од 1500 играорци од 14 земји, најавува домаќинот и организаторот на фестивалот, фолклорното друштво „Филиграни“ од Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
razigrano oro
разиграно оро

razigrano oroОхрид домаќин на меѓународниот фолклорен фестивал „Разиграно оро“. Неговото свечено отворање ќе биде утре, трети јуни од 20 часот, на сцената на Античкиот театар, а ќе трае до петок. Од оргазнизациониот одбор на фестивалот секретарот на фолклорното друштво „Филиграни“, Зоран Симјаноски, вели традицијата продолжува и од година во година фестивалот го зачувува приматот на најмасовна манифестација од тој вид во Македонија.

„Оваа година по седми пат го одржуваме меѓународниот фолклорен фестивал „Разиграно оро 2013“. Го одржуваме епитетот на најмасовен фестивал бидејќи оваа година негде бројката е околу 1500 учесници од 14 земји. На свеченото отварање од секоја земја ќе настапи по една група, а наредните денови 4 и 5 играњето ќе се одржи на плоштадот кај фонтаната односно Крушевска република“.

razigrano oroНекаде околу 70 % од учесниците се веќе пристигнати, а до крајот на денот се очекува да пристигнат и останатите, вели Симјаноски. Додаде дека организационо максимално се подготвени за одржување на фестивалот.

„Сместувањето на гостите е од хотел Амбасадор до хотел Десарет, скоро се сите хотели земени, тоа е се во наша организација така да гостите пријатно ќе се осеќаат во нашиот град и мислам дека сите задоволни ќе си заминат од нашиот град“.

Дефилето вообичаено ќе биде покрај езерскиот брег, па низ стариот дел на градот се до Антички театар. Годинава, нагласува Симјаноски, со особено внимание се очекува и традиционалниот семинар на кој ќе се дебатира на тема „Фолклорот на словенските народи“, со посебен акцент на фолклорните традиции на Полска и Словачка. Со цел за збогатување на програмската понуда, организаторот планира од наредната година на секое фестивалско издание да бидат презентирани културните богатства и особеностите на народните традиции и фолклорот на две од државите учеснички на оваа манифестација. Симјаноски  ги покани сите охриѓани и гости доколку сакаат да видат нешто добро да присуствуваат на свеченото отварање на Античкиот театар.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top