Денеска беше потпишан меморандум помеѓу Атлетската Федерација на Македонија и градоначалникот.
Денеска беше потпишан меморандум помеѓу Атлетската Федерација на Македонија и градоначалникот.
„Со овој зафат, започна да се реализираат моите заложби кај Билјани извори да се изгради мал олимписки центар“, рече градоначалникот Александар Петрески.
Атлетската Федерација на Македонија претставувана од претседателот, Цветко Грозданов и Општина Охрид, т.е градоначалникот Александар Петрески, денеска потпишаа меморандум за изградба на атлетска патека.
„Овој меморандум се склучува врз основа на веке склучената соработка помеѓу Атлетската Федерација на Македонија , Македонскиот Олимписки комитет, Владата на Р.М претставувана од Агенцијата за Млади и Спорт ,како и Европскиот Олимписки Комитет, Меѓународните асоцијации на Атлетски Федрерации и Мондо С.П.А Италија“, информираше Грозданов.
На овој начин ја продлабочуваме соработкта со локланата самоуправа и градоначалникот, додаде претседателот на Атлтската федерација на Р Македонија.
Градоначалникот на Охрид Александар Петрески изрази задоволство од договорот и изградбата на патеката која од ваков карактер ќе биде прва во Македонија.
„Посебно задоволство ми преставува тоа што Охрид ќе добие вака модерна патека која очекувам во голема мера да помогне на развојот на овај спорт како и развој на спортскиот туризам“ – рече Петрески.
„Со вакви зафати и инвестиции стадионот „Билјанини извори“, ќе го направиме мал олимписки центар“, додаде градоначалникот.
Отварањето на патека е планирано за септември на некој пригоден датум кој допрва ќе биде одреден.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град