Јавното претпријатие Комуналец со свечено отворање на најнов вид на топла оранжерија, му овозможува на Охрид да биде сопственик на најголемиот објект од ваков вид на овие простори.
Охрид од денска сопственик на најнов вид на топла оранжерија. Како подарок на градот, токму на неговиот празник, ЈП Комуналец, во делот на реорганизирање на РЕ паркови и зеленило, им овозможи на охриѓани да постанат горди сопственици на најголемиот тип на топла оранжерија на овие простори. „Зеленилото и цвеќињата кои ќе се призведуваат овде ќе бидат наменети за декорирање на градските паркови, додека дел од нив граѓаните на Охрид ќе можат и да ги купат за сопствени потреби. Со техничка доопременост во оваа ќе се произведуваат околу 300 000 парчиња на цвеќе кое понатаму ќе служи за украсување на градските паркови, а дел од нив ќе може и да се продава. вели Сашо Алче, Дир. на ЈП Комуналец.
Цвеќињата кои ќе се одгледуваат во оваа оранжерија се од сопствено производство на ЈП Комуналец. Ќе бидат произведувани од семе што е и основната фукнкција на оранжеријата. „Исто така ќе настојуваме
да произведеме што поголемо количество на сезонско цвеќе кое што ќе биде користено за уредување на одредени делови од градот. Во најголем дел тука ќе се одгледува сезонско цвеќе, вели Вера Рауник рак. на РЕ Паркови и зеленило.
„Години наназад ЈП Комуналец покажува добри резултати во својата работа. Во период од дваесетина год наназад ова беше претпријатие со високо реноме, а ова што денес тие му го подаруваат на Охрид претставува уште една нивна работна победа. „Сигурен сум дека оваа инвестиција ќе допринесе градот да биде што повеќе во амбиент на зеленило, дрвца, цвеќе. Во оваа пригода најавуваме неколку нови паркови во Охрид, на локации каде граѓаните пешачат, се со цел за подобар амбиент на градот. Досега во Охрид се градеше се освен паркови, така д асега ќе го надополниме и тој недостаток. Бидејќи сега граѓаните ќе имаат можност да купат овде цвеќе и дрвца, се надеваме дека нема повеќе да се соочуваме со досегашната пракса каде многу често зеленилот се крадеше. Токму поради тоа Општина Охрид ќе продолжи да му дава поддршка на ова претпријатие“, изјави градоначалникот Петрески.
Посебен дел на денешната свеченост, претставуваше доделувањето на награди и благодарници на лицата кои долги години работат во ова претпријатие. На Иљо Трајкоски, кој 35 год. без прекин работи во Комуналец, му беше доделен златник. Молкоски Божин и Ристески Благоја за своите 25 год. работа исто така добија златник, додека Попоска Нада, Арнаудова Мирјана, Секулоска Зоре, Ташеска Лена, Димоски Зоран, Стојаноски Васил, Крстаноски Никола и Наумоски Жарко, за остварени 10 год. работен стаж им беа доделени рачни часовници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град