Охрид доби одбројувачи за семафори

Охрид е меѓу првите градови во земјава кој доби вредна донација, одбројувачи за семафори од Републичкиот Совет за безбедност на Македонија. Со тоа ќе се подобри безбедносната состојба на сите учесници во сообраќајот, посебно на пешаците како најранлива категорија, смета градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, како и претставниците од републичкиот и општинскиот Совет за безбедност.

 |  Николоска Биљана  | 

20 одбројувачи за семафори, доби општина Охрид. Оваа донација е од Републичкиот совет за безбедност на Македонија, во знак на добра и успешна соработка со општина Охрид, како што кажа претседателот на РС Стојче Стаменкоски. Одбројувачите ќе бидат поставени на пешачките семафори во градот и ќе имаат за цел подигнување на безбедноста на пешаците како ранлива категорија на учесници во сообраќајот, додаде Стаменкоски.

„Општината ја препозна важноста и потребата од преземање на соодветни мерки за унапредување на безбедноста во сообраќајот и со денешниот настан ќе го означиме почетокот на голем број сообраќајно едукативни активности кои заеднички ќе ги реализираме во наредниот период. Целта на овие активности е подобрување на безбедноста во сообраќајот во кој како целни групи ќе бидат опфатени како домашни така и странски туристи кои престојуваат на територијата на општината“ – вели Стаменкоски.

Одбројувачите на семафорите и тоа како се добредојдени во нашето туристичко место нагласи првиот човек на градот Никола Бакрачески. Додаде дека тие ќе овозможат пофункционален и побезбеден проток на сите учесници во сообраќајот, но ќе влијаат и на подигање на свеста и претпазливоста на учесниците во сообраќајот.

„Ова ќе биде една од првите иницијативи вакви одбројувачи по теркот на западните општесатва го практикуваат истите да бидат поставени на семафорите кои служат за прегледност на пешачките премини, поинаку од досегашната пракса. Надлежните служби на општина Охрид заедно со СВР и општинскиот Совет за безбедност после добро направени анализи ќе одлучат на кои локациии ќе бидат поставени ваквите одбројувачи“ – изјави Бакрачески.

Претседателот на општинскиот Совет за безбедност Стефан Димоски, информираше за моменталната безбедносна состојба во градов.

„Во текот на овој месец во Охрид не се забележани сообраќајни незгоди со жртви. За разлика од истиот период лани кога во Охрид се региастрирани 3 сообраќајни незгоди со 4 жртви. Сметаме дека сите овие средби кои имаат превентивен карактер вродуваат со плод и се резултат на заедничката намера да го постигнеме максимумот заедно со РСМ да направимје ва лето да направиме да имаме лето без тешки сообраќајни незгоди и жртви во истите “ – нагласи Димоски.

На денешната средба биле утврдени и критичните места, односно црните точки во сообраќајот во општина Охрид. Било договорено, пепубличкиот Совет за безбедност покрај одбројувачите за семафори да донира и семафори кои ќе бидат поставени на најкритичните точки.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top