Целта на Владата преку отварањето на народни кујни е да излезе во пресрет на потребите на старите и немоќни лица и лица кои се наоѓаат во социјален ризик. Од денес, по еден топол оброк секој ден ќе земаат 80 социјално загрозени лица од Охрид. Досега во Македонија има 36 народни кујни, каде бесплатно се хранат околу 3500 лица, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами. Тој додаде дека овој проект се покажал како добар, и планираат во иднина зголемување на бројот на корисници и тоа покрај во урбаните подрачја да бидат задолжително опфатени и руралните средини.
За жал, во денешно време, сведоци сме дека се` повеќе лица тропаат на вратите на социјалнте установи барајќи секаков вид на помош. Од една страна, народните кујни имаат свој благодет посебно кон лицата кои тешко врзуваат крај со крај во месецот, но од друга страна пак, истите, асоцираат дека државата оваа помош ја нуди со цел да ја амортизира лошата состојба во социјалната сфера. Министерот Бајрами кон овој проблем не гледа така.
Проектот „Народни кујни“, министерството за труд и социјална политика го остварува во соработка со Центрите за социјална работа и единиците за локална самоуправа. Градоначалникот на Охрид Петрески вели дека оваа иницијатива е добра. Тој додава дека досега се чекало само заради изнаоѓање на соодветно просторно решение. Одлуката на локалната самоуправа била студенскиот дом „Никола Карев“.
За постоечките народни кујни обезбедени се вкупно 81 милион 500 илјади и 500 денари, средства од буџетот на Р Македонија, кои министреството за труд и социјална политика ги планира согласно стратешкото планирање за секоја наредна година, кое што е поврзано со соодветен буџетски циркулар. Инаку, министерот Бајрами во својата работна посета на Охрид, беше во Центарот за социјлни работи, оствари разговор со директорот за понатамошните заеднички проекти. Тој вети, до крај на годинава, реализација на заедничкиот план со градоначалникот Петрески, отварање дневен центар за деца од улица.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град