Охрид доби најсовремена опрема за мониторинг на водите

Хидробиолошки завод од Охрид, од денес ќе ја користи светски најсовремената опрема за мониторинг на квалитетот на водите. Проектот е финансиран со средства од Европската Унија во рамките на реализација на погранични проекти помеѓу Македонија и Грција.

 |  Николоска Биљана  | 
robot vozilo
робот возило

Мониторинг на водите во Македонија со најсовремена техника. Денеска во водите на Охридското Езеро беше извршена презентација на опремата која во иднина ќе врши мониторинг на на квалитетот на водите. Зоран Спиркоски од Хидробиолошкиот завод во Охрид нагласува дека новата опрема ќе биде во функција на јавното здравје и ќе овозможи поквалитетна и подетална анализа на водата.

„Онаа опрема која што овде се демонстрира е единствена во светот која што постои од таков ранг, и ние сме среќни што ја имаме, што значи дека не само Охрид туку сите води во Македонија ќе бидат на еден поинаков начин скренирани и овозможување на што поголем број податоци. “

robot voziloПартнери на Хидробиоплшкиот Завод од грчката страна во проектот за мониторинг на квалитетот на водата е Универзитетот „Аристотел“ . Тие веќе ги пренесуваат искуствата од примената на опремата, односно на роботизираното возило.
Професорот Ѓорги Залидис истакна дека соработката која започнала денес, ќе резултира со создавање на еден нов кластер помеѓу институциите од двете земји, и се надеваат дека во иднина оваа соработка ќе се подобри, а најголем бенефит ќе имаат луѓето кои ги користат водите на Охридското Езеро.

„Оваа таканаречена алатка  ќе овозможи извршување на сите физички и хемиски анализи, како на нитрати, фосфати, па така ќе можеме да го надгледуваме органскиот и физичко хемиски состав на водите на езерото и како истот се менеува благодарение на човечките активности. Така оние кои ја користат водата било да е за пиење или наводнување ќе знаат со каков квалитет на вода располагаат“.

Проектот е финансиран со средства од Европската Унија во рамките на реализација на погранични проекти помеѓу Македонија и Грција.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top