Охридското крајбрежје од 6 до 10 октомври ќе биде промовирано на 42 Меѓународен саем за туризам во Нови Сад, Србија.
Иако сеуште не се знае колкава е површината на штандот на кој ќе се излага, пропагандниот материјал веќе е подготвен велат од охридскиот сектор за туризам и локален економски развој. Подршка за организација на оваа саемска манифестација имаат од Агенцијата за подршка на туризмот.
До крај на оваа година останува Македонија да биде преставена и на еден од најголемите светски туристички сеаеми што се одржува во Лондон вели првиот човек на Агенцијата за подршка на туризмот, Зоран Стрезоски. „Ќе се излага на штанд од 45 метри квадрати каде што ќе бидат преставени нашите туристички потенцијали “ потенцира Стрезоски.
Од идната година организацијата на саемските манифестации ја презема Агенцијата за подршка на туризмот. Стрезоски вели дека нема да се штедат пари за саемска промоција на земјата и регионот. Во прилог на тоа одат позитивите резултати оставрени годинава со зголемена посетеност на Македонија од странски гости. Туристичките можности ќе бидат и понатака презентирани на големи саемски манифестации какао што се во Утрехт, Белград, Љубљана, Берлин, Москва, а за прв пат ќе се учествува и во Истанбул.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град