Синоќа во Охрид свечено беше отворен меѓународниот Младински турнир во шах „ЛАСКЕР 2019“ на кој учествуваат шахисти од Албанија, Бугарија, Србија и Северна Македонија.
Синоќа во Охрид свечено беше отворен меѓународниот Младински турнир во шах „ЛАСКЕР 2019“ на кој учествуваат шахисти од Албанија, Бугарија, Србија и Северна Македонија.
Турнирот за отворен го прогласи советникот од Советот на Општина Охрид, Мишел Силјаноски.
-Огромно е задоволството да се присуствува на отворањето на четвртиот меѓународен Младински турнир во шах „ЛАСКЕР 2019“ на кој учествуваат млади шахисти од Албанија, Бугарија, Србија и Македонија.Велат дека умствените активности се „најдобра храна“ за психичкиот развој на младите, а токму шахот е спорт којшто го овозможува тоа.Поставување цели, идентификување алтернатива и последици се составен дел на играта.Преместувајќи ги фигурите кога играте шах морате да донесете одлуки и решите проблем. Морате да ги контролирате своите импулси и да поставите краткорочни и долгорочни цели како би имале предност и би биле победници во игрaта. А токму таква младина му е потребна на ова општество, младина која поставува цели и донесува одлуки во насока на подобар и побрз општествен развој, рече Силјаноски.
Тој прогласувајќи го овој турнир во шах за отворен им посака успех во играта на сите учесници со желба да победи најдобриот и најсреќниот
Организатор на настанот е Шаховскиот Клуб ЛАСКЕР со поддршка на Општина Охрид, Шаховската Федерација на Македонија и неколку компании од бизнис секторот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град