Охрид деновиве дише и живее со хуманост

Граѓаните на Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска, не се сами, го имаат пријателството на граѓаните на Охрид и земјава кога им е најтешко и најпотребно. Денес оваа порака до настраданите во поплавите ја упати охридскиот градоначалник Никола Бакрачески од собирениот пункт за хуманитарна помош пред општина Охрид.

 |  Николоска Биљана  | 
pomos srbija
помош србија

pomos srbijaГраѓаните и компаниите од Охрид покажаа висок степен на хуманост, солидарност и масовно се одзваа на акцијата за помош на настраданите во поплавите во Србија и Босна и Херцеговина, изјави градоначалникот Никола Бакрачески. Од денес пред општинската зграда е отворен нов пункт, каде од 9 часот наутро па се до 16 часот може сите кои сакаат да донираат хуманитарна помош. Бакрачески на своите сограѓани им порача, секој во рамките на своите можности да продолжат и понатаму да донираат, со цел на настраданите во поплавите да им покажеме  дека не се сами и имаат пријатели во моментите кога им е најтешко.

„Најпотребни се бебешки производи конзервирана или трајна храна, средства за лична хигиена, кебиња и друга облека. Сакам да ја искористам оваа прилика да изразам јавна благодарност до сите граѓани на Охрид кои што од почетокот на акцијата минатата саботка која што заедно ја започнавме со Црвен Крст Охрид, активно се вклучија и собраа значителна хуманитарна помош за настраданите во Србијиа Босна и Херцеговина.

pomos srbijaПретседателот на Црвениот Крст Сашо Точков, нагласи дека општините Ужице, Крагуевац, Обреновац, веќе чуствувале како охриѓани односно Македонија помага на настраданите во Србија, според  контактите кои ги оствариле со општинските организации на Црвениот крст од овие градови. Тој уште еднаш појасни каква е процедурата за донирање.

„Една пратка од 80 тони најразлични производи беше испратена од Црвениот крст на Македонија вклучувајќи не и нас во понеделникот за Србија, една иста толава пратка вчера отиде за Босна, утре одат 5 шлепери исто за Србија во која ќе биде и оваа помош. Повторно би апелирал до сите оние кои што самоиницијативно имаат собирни акции и го подржувам и тоа е добро да се организираме на повеќе места и различно, но помошта да оди преку Црвениот крст затоа што собирните центри во Србија за целиот свет и од Австрија и од Холандија пуштаат преку Црвениот крст, затоа што во вакви вонредни ситуации процедурата за прием и испраќање на роба е посебна.

Охрид од саботата дише и живее со хуманоста, велат од Црвениот Крст. Одзивот е огромен и така треба да продолжи и во наредните денови. Собирни пунктови има кај новата автобуска станица, Црвениот Крст, а денес и пред општина Охрид. Помошта не е лимитирана.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top