Охрид денеска како во шпиц на сезоната

И додека ширењето на коронавирусот руши рекорди со секоја наредна дневна статистика, Охрид рекордно посетен како во најубавите денови од поранешни летни сезони.Денеска  на кејот,  во охридската чаршија и пред  маркетите се сретнуваа гости од Скопје, Тетово, Куманово, претежно оние кои имаат викенд станови и апартмани на брегот на Охридското езеро. И додека охриѓани негодуваат дека гостите не ги почитуваат мерките за носење маска и дистанцирање , туристичките работници велат дека градот треба да се подготвува  за туризам во време на корона.

 |  Соња Рилковска  | 

Од синоќа Охрид се наполни со посетители од земјава. Најмногу од  градовите кои се под карантин, затворени од вчера до понеделник наутро.Според слободните проценки над 20 000 возила  вчера попладне го напуштиле Скопје.  
Во Охрид денес се сретнуваа гости од Скопје, Тетово, Куманово, претежно оние кои имаат викенд станови и апартмани на брегот на Охридското езеро.
Граѓаните со поделени мислења, охриѓани стравуваат дека неконтролианата посета на гости од ризичните  подрачја го загрозува нивното здравје, додека гостите  велат ги почитуваат препораките.
-„Убаво е вака раздвижено е барем има луѓе низ градот. Инаку празно е  Ама ги гледам скопјаните овде претежно се без маска 90% без маска“, вели еден охриѓанец.

-„Се е исправно се е исправно за мене. Мислам дека не е опасно и да не се носат маски по мене но штом е наложено мора да се носат маски“, вели еден скопјанец.

-„Не е правилно. Шо знам јас кој доаѓа ако е веќе определено да има изолација  не треба да се доаѓа“, вели друг охриѓанец.

-„Требаше Филипче да го забрани Охрид за да не може да доаѓаат тука. Вчера бев Скопје на враќање назад не можевме да поминеме со автобусот со коли а сега се чудам каде се сместени тие луѓе. Не можевме да поминеме толку мнгу беше гужва“, вели трет охриѓанец.

Туристичките работници велат  Охрид мора да са подготви  за  прием на гости, бидеќји 50 % од жителите живеат  од  тоа.

„Охрид треба да заживее туристички, но ние треба да се подготвиме како туристичка бранша, дравствените работници да ни дадат препораки како да се однесуваме. Охрид живее од туризам пола град работи во туристичкиот или угостителскиот сектор. Половина од сопствениците имаат кредити и се кредитонеспособни и мора да профункционира градот“, вели  Филип Стефаноски  туристички работник.

Хотелите не работат, а станоиздавачите, законски  не смеат да издаваат  апартмани и станови. Најголема ггужва денес имаше  на кејот,  во охридската чаршија и пред градските маркети.
Инаку во  Охрид полицискиот час  денес, утре и недела започнува од 16ч до 05 ч наутро.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top