Охрид дел од втората светска сила

Мирот, ненасилството и толеранцијата се главната движечка сила што ги обедини 5 те континенти во Светски Марш кој годинава се организира по прв пат.

 |  Николовска Биљана  | 
March
марш

Мирот, ненасилството и толеранцијата се главната движечка сила што ги обедини 5 те континенти во Светски Марш кој годинава се организира по прв пат. Охрид е првата дестинација.
Светски хуман проект.

MarchМаршот на Мирот и Ненасилството годинава се организира за прв пат. Неговата маршута предвидува опфатеност на пет континенти и околу 140 држави. Целта е да се поттикне важноста на секој поединец во градењето на хуманото општество пренесувајќи ги пораките на мир, ненасилство и толеранција. Ѓорѓе Кузмановски претседателот на сојуз на спортови од Скопје подетално објасна за значението на Светскиот Марш на Мирот и Ненасилството.

Претседателот на советот на општина Охрид Душко Јаковчески заедно со тим на локалната самоуправа организирано ги пречекаа 30 сете деца учесници на карванот.Тој истакна дека ова е значаен настан за Охрид бидејќи за прв пат во историјата, една ваква идеја добива меѓународна поддршка од светски јавни личности.
Џорџо Шулц од Милано, портпарол  на светскиот марш на мирот за Европа истакна дека преку овој Марш поставен е првиот камен, првата цигла во конструирањето на состојба во светот на мир без војна. „Поддршката што ја имаат, говори за тоа дека  сите народи можат да живеат без граници и насилство. Пораката на знамињата е повеќе од јасна. „Однесеувј се спрема другите онака како што сакаш да се однесуваат спрема тебе“рече Шулц.
Светскиот Марш на Мирот и Ненасилството го започна својот пат низ светот на 2 октомври од Нов Зеланд а ќе заврши на 2 јануари в Аргентина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top