Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска и Секретарот на Општина Охрид, Игор Бежоски беа дел од свечената промоција на тв-магазинот „По патот на свилата: пријателство“.
Претседателката на Советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска и Секретарот на Општина Охрид, Игор Бежоски беа дел од свечената промоција на тв-магазинот „По патот на свилата: пријателство“.
Промоцијата се одржа вчера во Скопје во организација на Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија.
Дел од тв-магазинот кој ќе се емитува на националниот јавен сервис „МРТ“ се очекува да биде посветен на пријателските односи и протоколот за соработка помеѓу Општина Охрид и кинескиот град Далиан.
Овој проект се реализира во рамки на активностите за продлабочување на соработката и остварувањето на заедничките интереси на двете пријателски земји.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град