Охрид ги чествува сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“

елегации од локалната самоуправа, советот на општината, но и од охридските училишта со историски час и положување на свежо цвеќе пред споменикот на словенските браќа одадоа почит за нивното големо дело, ширењето на словенската писменост.

 |  Мишел Наумоски  | 
kiril i metodij
кирил и методиј

Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј со бројни свечености и манифестации. Пригодна реч за делото на словенските браќа пред споменикот на светителите одржа писателот Тоде Илиевски, а букети свежо цвеќе положија повеќе делегации од локалната самоуправа, советот на општина Охрид, како и делегации од основните и средните училишта од градов.

cvekje spomenikВоедно како дел од манифестацијата, градоначалникот Никола Бакрачески им додели награди на ученици од средните и основни училишта од градов кои добиле признанија на меѓународни и државни натпревари. Професор д-р Красимира Илиевска од катедрата по славистика при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје вели дека делото на Кирил и Методиј заслужуваат апсолутно внимание.

„Тие тргнале од овие краишта. Иако зборуваме за еден општ словенски јазик, општ словенски свет, тие тргнале од крајниот југ, словенски, отишле на крајниот северозапад словенски за да го учат тамошниот народ на нивниот јазик, да го слушаат словото божјо. Тоа е можно само ако е истиот јазик, не ако е друг. Така што сето тоа има една величина која што мислам дека ние не сме ја осознале до крај.“-вели проф.д-р Красимира Илиевска од катедрата по славистика при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

mladi pijanistiВо рамките на одбележувањето на денешниот празник со свој концерт се вклучи и младата генерација на пијанисти од земјава.

„Огромното значење на овој празник особено треба да му се придаде во лулката на книжевноста словенска,нашиот сакан град Охрид и јас се надевам дека оваа манифестација со тек на време ќе стане традиционална и ќе можеме да поканиме и луѓе од сите словенски земји да присуствуваат на овој настан и да да го претвориме во едно чествување поголемо и значајно дотолку колку што се значајни тие во историјата на нашите словенски народи.“-рече Андреја Митески од организациониот одбор на концертот.

Надежните пијанисти ќе настапуваат под уметничко раководство на проф. М-р Кристијан Каровски од државното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ од Скопје.

spomenik Kiril i Metodij„Одговорноста е голема да се настапува на овој ден и мислам дека во моментов се раѓаат односно веќе постојат млади надежи и таленти штомислам дека преку овие концерти, имавме исто една мала турнеја низ Македонија и мислам дека преку овие концерти ќе се развијат во вистински професионалци, пред се големи уметници.“-изјави проф.м-р Кристијан Каровски од државното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“.

Денот на сесловенските просветители освен во нашиот град и држава истовремено се одбележува и во државите на останатите словенски народи. Инаку денот на Кирил и Методиј се одбележува токму на 24ти Мај бидејќи тогаш започнува нивната Моравска мисија за описменување на народите. Од 2007та година, овој ден е прогласен и за државен празник во Република Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top